Камен-темелник на Коридорот 8-Ахмети: Да се подобри животот на луѓето, нивното движење е света работа

Apr 4, 2023

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во својот говор на церемонијата по повод поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 8 истакна дека со изгрдабата на овој инфраструтурен преокт ќе се подобри животот на луѓето, развојот на економијата и ќе се поврзе целиот Балканот.

„Да се ​​подобри животот на луѓето, нивното движење, да се унапреди и директно да се влијае врз развојот на економијата и особено да се поврзе целиот Балкан со мостови, ова е света работа која ќе служи за уште подлабоки врски во пријателството, економијата и развојот.

Ова е чудо,  и посакувам  успех на компанијата Бехтел и Енка, посакувајќи добра работа и што поскоро да го финализираме овој проект“, рече Ахмети.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ