Кампањата „Стани за Украина“ собра над 10 милијарди евра


Фото: ЕК

Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во Варшава.

Кампањата „Стани за Украина“ ја започна меѓународната организација „Глобал Ситизен“ со поддршка на Европската Унија и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Покрај светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на нивните земји за помош на украинските бегалци, во кампањата се приклучија и уметници како Елтон Џон, Аланис Морисет, Били Ајлиш, Ени Ленокс и Крис Рок.

– Светот на крајот собра 9,1 милијарди евра како дел од кампањата, а Комисијата, заедно со Европската банка за обнова и развој, додаде уште една милијарда на сите раселени лица во Украина. Тоа е фантастично, значи 10,1 милијарди евра – изјави Фон дер Лејен.

Таа додаде дека на собраниот износ ќе се додадат и други средства.

– Солидарноста на земјите, компаниите и луѓето ширум светот нуди малку светлина во овие темни моменти – рече Фон дер Лејен на затворањето на кампањата за собирање средства за Украина.

„И кога бомбите ќе престанат да паѓаат, ќе му помогнеме на украинскиот народ да ја обнови својата земја. Ќе продолжиме да ја браниме Украина“, рече таа.

На присутните преку видео порака им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Храброста на Украина веќе го обедини целиот демократски свет“, рече Зеленски. зш/

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...