Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите да го напуштат главниот град


Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите, кои три недели протестираа по улиците на Отава, да го напуштат главниот град, додека провинциските и американските покраински лидери повикаа да се стави крај на барањето за вакцина за преминување граница, што го поттикна протестот предводен од камионџии.

Полицијата го засили присуството во центарот во Отава, а камионџиите стравуваат дека тоа е вовед во задушување на нивите протести.

Работници денеска почнаа да креваат ограда пред Парламентот во канадскиот главен град.

Според податоците од вторникот, објавени од властите во Отава, околу 360 возила се уште се вклучени во блокадата на центарот на градот, што е пад од 4.000 колку што имало.

– Крајно време е да се запрат овие незаконски и опасни активности – рече премиерот Џастин Трудо пред Парламентот.

Тој изјави дека поради протестот на камионџиите „се загрозени канадската економија и односите со трговските партнери“, а нагласи дека тие се закана за јавната безбедност.

Многумина демонстранти во „конвојот на слободата“ со потсмев реагираа на овие предупредувања и порачаа дека нема да се откажат од своите цели.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...