Кариерата на Лазаров низ бројки


Манчестер јунајтед не се откажува од Френки де Јонг, пишува специјализираниот фудбалски портал Goal.com. Холанѓанецот е прв пик на новиот тренер Ерик Тен Хаг. Новиот менаџер на Јунајтед сака да ја обнови успешната соработка што ја имаше со Де Јонг во Ајакс.

Извори за порталот велат дека „ѕвездите ќе мора да се наредат“ за да биде комплетиран трансферот за кој Барселона бара околу 60 милиони евра.

Де Јонг е еден од петтмина нови играчи што Хаг би сакал да ги има во клубот.

Холанѓанецот е заинтересиран за Калвин Филипс од Лидс, а Деклан Рајс од Вест Хем треба да биде долгорочно решение. Но, Јунајтед не планира да му плати на лондонскиот клуб 180 милиони евра.

Порталот пишува и дека Тен Хаг е сериозно заинтересиран за моторот на Челси, Нголо Канте. Францускиот репрезентативец се вклопува во фудбалската филозофија на Тен Хаг, но проблем се повредите поради што тој пропушти голем број натпревари минатата сезона, како и неговите години. Канте наполни 31 година.

Целта на Јунајтед е во тимот да пристигне и напаѓач. Заинтересирани се за Уругваецот Дарвин Нуњез од Бенфика.

Слично како и кај Деклан Рајс, обесштетувањето може да претставува голем проблем, Според медиумите, Бенфика за напаѓачот бара 100 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Огромен пожар во фабрика во Осиек: Да не се излегува, може да има канцерогени материи

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанија во населбата Бријест во Осиек. Пластична маса и амбалажа гори, извести полицијата. Децата од...

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...