Католичката црква во Франција ќе исплаќа до 60.000 евра компензација на жртвите на злоупотреба


Католичката црква во Франција ќе ги обесштети луѓето што биле жртви на сексуална злоупотреба на свештеници, а сумата се движи од 5.000 до 60.000 евра, пишува „Ле Паризиен“.

Независната комисија за признавање и компензација (CRR), формирана на барање на Католичката црква за да посредува меѓу жртвите и црквите во кои имало злоупотреби, разви рамка во која има одредени соодветни парични надоместоци за разни видови прекршоци и кривични дела.

За плаќање на отштетата, ќе бидат задолжени самите цркви. Според студија објавена во 50-тите, Католичката црква во Франција е одговорна за сексуална злоупотреба на речиси 216.000 деца и адолесценти.

Ако на тоа се додадат и жртвите на злоупотреба во институциите под контрола на Црквата, бројот на жртви на сексуална злоупотреба се искачува на 330.000. Но, многу малку жртви се обратиле до Црквата или до властите.

Во Германија во 2021 година Католичката црква најави исплата на отштета на жртвите на злоупотреба во износ до 50.000 евра. Досега реализираните обесштетувања во просек изнесуваат приближно 5.000 евра.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...