PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Кина обвинета за поставување „полициски станици“ во Холандија

Oct 26, 2022

Кинеската влада е обвинета дека поставила најмалку две непријавени „полициски станици” во Холандија.
Холандските медиуми пронајдоа докази дека „странски услужни станици”, задолжени за обезбедување дипломатски услуги, се користат за да се обидат да ги замолчат кинеските дисиденти во Европа, пренесува Фена, повикувајќи се на Би-Би-Си.
Портпаролот на холандското Министерство за надворешни работи изјави дека постоењето неофицијални полициски станици е незаконско.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Кинеската амбасада во Холандија тврди дека не знае за нивното постоење.

 

Истрагата е покрената со извештај на невладината организација Safeguard Defenders со седиште во Шпанија.
Според организацијата, канцеларии за јавна безбедност од две кинески провинции формирале 54 „странски полициски служби” на пет континенти и во 21 земја.

Повеќето од нив се во Европа, од кои девет во Шпанија и четири во Италија.
Во Велика Британија се пронајдени две во Лондон и една во Глазгов.

 

Единиците, наводно, биле создадени за борба против транснационалниот криминал и за извршување административни должности, како што е обновување на кинеските возачки дозволи.

Според Safeguard Defenders, тие во реалноста спроведуваат „операции за убедување”, чија цел е да ги принудат оние што се осомничени дека зборуваат против кинескиот режим да се вратат дома.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ