Кина повторно под критики за својот вселенски отпад


Остатоци од огромна кинеска ракета се очекува да паднат на Земјата следната недела, соопшти американската Вселенска команда, којашто ја следи нејзината траекторија.

Ракетата „Долг марш 5-Б“, тешка 23 тона,  го носеше лабораторискиот модул „Вентијан“ во Вселената и беше лансирана од островот Хајинан во неделата. Модулот потоа успешно се спои со Кинеската орбитална станица. Меѓутоа, откако ја заврши својата работа, ракетата почна неконтролирано да се спушта кон Земјината атмосфера, па не се знае каде ќе паднат остатоците. Овој неконтролиран лет е вкупно трет за Кина, која веќе е критикувана за лошото управување со вселенскиот отпад.

– Тоа е метален предмет тежок 20 тони. Иако ќе се распадне кога ќе влезе во атмосферата, бројни парчиња, некои од нив – прилично големи, ќе паднат на површината, вели Мајкл Бајерс, професор на Универзитетот на Британска Колумбија и автор на неодамнешен труд за опасностите од вселенскиот отпад.

Вселенскиот отпад претставува исклучително мал ризик за луѓето, но можно е поголемите парчиња да предизвикаат штета доколку паднат врз населени места. Бајерс смета дека поради зголемувањето на количината на вселенски отпад, тие мали шанси стануваат сѐ поголеми.

Според проценките, можноста за паѓање на ракетни парчиња во Џакарта, Дака и Лагос е трипати поголема отколку во Њујорк, Пекинг или Москва.

– Ризикот може целосно да се избегне со оглед на технологијата и плановите за мисии кои овозможуваат контролиран влез во атмосферата, обично преку оддалечените делови на океанот, наместо неконтролиран влез, вели Бајерс.

Кина лани се најде на удар на критики за својот вселенски отпад, откако лансираше модул на слична ракета. Остатоците паднаа во Индискиот Океан близу Малдивите 10 дена по лансирањето. НАСА соопшти дека Кина не ги исполнува „стандардите за одговорност“. Од друга страна, Кинезите ги обвинија САД дека „шират страв“.

Вселенскиот отпад, како на пр. – стари сателити и делови од летала вон употреба, влегува во атмосферата секој ден, но не се забележува бидејќи сѐ тоа согорува пред да падне на земја. Само големиот вселенски отпад претставува мала опасност за луѓето и инфраструктурата на копното и водата.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...