PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван

Jul 30, 2022

Новинската агенција Ксинхуа објави дека кинеската војска спроведувала вежби со пукање во близина на островот Пинган кај провинцијата Фуџијан од 8 до 21 часот. Кинеската управа за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа. Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Сепак, во соопштението не е прецизирано дали во вежбата би можело да бидат вклучени и проектили, борбени авиони или друго оружје. Претходно оваа недела, Кина ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси да се откаже од плановите да го посети Тајван, кој Пекинг го смета за кинеска територија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ