Кинеската армија денеска соопшти дека по речиси една недела успешно ги завршила различните воени задачи околу Тајван, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.
„Кинеската војска ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи со воена обука за постигнување борбена готовност“, беше објавено на официјалниот профил на Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија, пренесува „Ројтерс“.
Кина ги започна масовните воени вежби по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на која жестоко се спротивстави Пекинг.