Кинескиот лидер Шји ќе се сретне со Путин во Москва следната недела

Кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе патува во Москва следната недела, при што ќе има разговори со Владимир Путин, потврдија официјални лица. Кремљ соопшти дека ќе се дискутира за „сеопфатно партнерство и стратешка соработка“. Посетата следува откако Пекинг го изложи својот мировен план за Украина, кој со претпазливост беше примен од западот.

Западните земји ја предупредија Кина да не ја снабдува Русија со оружје. Кинеското министерство за надворешни работи објави дека Шји ќе престојува во Русија од 20 до 22 март на покана од Путин. „Притоа ќе бидат потпишани неколку важни билатерални договори. Целта на средбата е да се продлабочи билатералната доверба“, кажаа од министерството.

Минатиот месец, и украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази желба да се сретне со Шји за да продискутираат за кинескиот предлог. Американските медиуми објавија дека по посетата на Русија, Шји ќе разговара со Зеленски преку видеоврска, но ова засега не е потврдено.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...