Кинескиот претседател до меѓународната заедница: Не додавајте масло на огнот

Лидерите на ЕУ ја предупредија Кина да не ѝ помага на Русија во нејзината агресија против Украина, бидејќи тоа ќе им наштети на нејзините економски интереси и углед.

„Постојат репутациски ризици за Кина ако ѝ помогне на Русија. Ниту еден европски граѓанин не би ја сфатил поддршката на Кина за способноста на Русија да води војна“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на прес-конференција по виртуелниот самит ЕУ-Кина.

Претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Урсула фон дер Лаен и Шарл Мишел, ја претставуваа Европската Унија на виртуелен самит со кинескиот премиер Ли Кечијанг и претседателот Ши Џјинпинг. Тоа е прв самит ЕУ-Кина од јуни 2020 година, а подготовките за него започнаа пред руската агресија врз Украина.

Фон дер Лаен истакна дека трговската размена меѓу Европската Унија и Кина изнесува две милијарди евра на дневна основа, додека вредноста на руско-кинеската трговија е само 330 милиони евра.

„Бизнис секторот внимателно ги следи овие случувања и ги проценува позициите на одделни земји. Ова е прашање на доверба, сигурност и долгорочни инвестициски одлуки“, рече таа.

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека глобалната нестабилност не е во интерес на Кина или на Европската Унија.

„Фокусирани сме на тоа што може да се направи за да заврши војната што е можно поскоро. Кина и ЕУ се согласуваат дека глобалната нестабилност не е во интерес на Кина или на Европската Унија“, рече Мишел.

Тој ја предупреди Кина дека не може да замижи пред руското кршење на меѓународното право, чии принципи се содржани во Повелбата на ОН.

Претседателот на Европскиот совет нагласи дека секоја кинеска помош за Русија во заобиколувањето на западните санкции ќе ја продолжи војната.

„Ние исто така ќе останеме будни за какви било обиди за финансиска или воена помош за Русија“, рече Мишел, додавајќи дека ЕУ и меѓународната заедница ќе ги поздрават позитивните чекори на Кина за ставање крај на војната.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...