Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата. На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери.