[ad_1]
Каков мајстор е Шпанецот Хоакин можевме да видиме уште еднаш во вчерашниот натпревар од второто коло во Лигата на Европа помеѓу неговиот Бетис и бугарскиот шампион Лудогорец.
Капитенот на Бетис го постигна вториот гол во победата на својот тим од 3:2 и така се запиша во историјата на Лигата на Европа.
Хоакин вчера стана најстариот стрелец во второто по ранг европско натпреварување со 41 година и 156 дена. Исто така Хоакин е и најстариот асистент во Лигата на Европа.
Кариерата на 41-годишниот фудбалер е врзана за „зелено-белиот“ дрес на Бетис каде што ги помина и младинските категории, дебито за првиот тим го имаше во 2000 година.
После шест години во Бетис, Хоакин наредните пет настапуваше за Валенсија, па Малага и Фиорентина за во 2015 година да се врати во матичниот клуб.