PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Клоп се пожали по поразот од Јунајтед: Вакво нешто никогаш не се случило

Jul 12, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул со 4:0 на припремниот натпревар во Тајланд.

Ерик Тен Хаг тргна од првата минута со силен состав, додека Јирген Клоп излезе со комбиниран тим и со многу млади играчи. После овој натпревар германскиот стратег повторно ги критикуваше ФИФА и УЕФА.

„Мораме да се погрижиме фудбалерите да имаат доволно време за одмор. Сега имаме пет измени, што е круцијално, но ФИФА и УЕФА мораат да биде навистина внимателни со она што го сакаат, затоа што сакаат квалитетни турнири, а ако имаш уморни играчи, немаш квалитетни турнири“.

„Мораме да размислиме и Премиер лигата мора да размисли. Да кажеме Англија ќе стане светски шампион и една недела после „Боксинг деј“ и сите очекуваат да бидеш спремен. Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на фудбалот. Но, на оваа генерација цело време им се случуваат слични ситуации. Треба да се зборува за реалните проблеми, мораме да им дадеме одмор на играчите за да бидат способни да се играчите кои можат да бидат“, изјави Клоп.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ