[ad_1]
Сопственикот на Нотингем Форест, Гркот Евангелос Маринакис летово доведе 22 фудбалери и потроши повеќе од 160 милиони евра. Вложените пари не се исплаќаат на теренот затоа што Нотингем Форест после осум кола е последен тим во Премиер лигата со гол разлика 6:21.
Разочаран од лошото отворање на сезоната, Маријаникис се одлучи да го промени и спортскиот директор, па го ангажираше Италијанецот Филипо Џирлади. Џиралди веќе има работно искуство во Премиер лигата.
Овој Италијанец е познат по тоа што ги „откри“ играчи како Ричарлисон, Етјен Капу, Жоао Педро, Абдулаје Дукуре и Исмаил Сар.
Тој му се приклучи на Нотингем по девет години поминати во Вотфорд, каде што првпат работеше како главен скаут, пред да стане технички директор во 2014 година. Претходно работеше како директор на академијата во Бреша.
Англиските медиуми шпекулираат и дека може да дојде до промена на клупата. Стив Купер е на прагот на отказ, а како негов наследник се споменува Рафа Бенитез, поранешниот менаџер на Ливерпул, Челзи, Њукасл и Евертон.