Кој ја „закрпи“ УЈП со 9,5 милиони евра?

Две скопски фирми регистрирани на иста адреса во Центар се меѓу трите најголеми должници за неплатени даноци. За ДДВ, данок на добивка и персоналец (три месеци по доспевање н.з.) не уплатиле вкупно 9,5 милиони евра. Најголем износ за неплатен ДДВ, поединечно гледано, должи државната компанија што стопанисува со шумскиот фонд „Национални шуми“ (поранешно „Македонски шуми“ н.з.)

Две скопски компании, регистрирани на иста адреса, се меѓу најголемите должници за даноци на најновата листа на УЈП достапна на следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/519

Станува збор за две компании (друштва со ограничена одговорност) кои се регистрирани на иста адреса во скопската општина Центар на улицата Наум Наумовски – Борче број 87.

УЈП согласно своите законски овластувања и обврски објавува листа на должници на даночни долгови кои доспеале до крај на септември 2021 година, а не се платени до 31 декември 2021 година.

Најголем даночен должник кој своите даночни обврски (ДДВ, данок на добивка и персоналец по други основи) не ги платил 90 дена по доспевање е „МЛ Глобал Италу“ – фирма регистрирана за посредување во трговија со разновидни производи. Оваа компанија 90 дена должи 4,75 милиони евра на УЈП по три основи, а најголемо е учеството на неплатен ДДВ и изнесува 4,45 милиони евра.

На трето место на ранг листата на должници на данок се наоѓа Италмонд ДОО фирма регистрирана за трговија на големо со дрва, градежни материјали и санитарна опрема. И ова друштво со ограничена одговорност е регистрирани на истата адреса во општина Центар на улица Наум Наумовски – Борче бр. 87. Ова друштво должи даноци во вкупен износ од 4,54 милиони евра кои доспеале, а се неплатени 90 дена. Во структурата најголемо е учеството на ДДВ-то со 4,4 милиони евра.

Според официјалните податоци, за подмирување на долгот спрема УЈП солидарно одговараат сите субјекти во поврзаното лице.

Во тројката најголеми должници е и државното претпријатие за стопанисување со шумите „Национални шуми“ (поранешно „Македонски шуми“). Оваа државна компанија само по основ на неплатен ДДВ (повеќе од 30 дена од доспевање на даночниот долг) должи 4,75 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...