Кој е Филип Николоски, новиот заменик министер за финансии?

На предлог на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ синоќа донесе одлука за замениците министри од СДСМ, а за заменик министер за финансии ќе биде предложен Филип Николоски.

Николоски е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.

Во професионалната биографија на Николоски се неколку работни позиции. Тој во моментов е независен консултант, а беше член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво. Оваа функција ја извршуваше осум години во два мандата до 2017 година.

Претходно од 2002 до 2009 година работеше во Комерцијална банка како финансиски аналитичар и раководител на секторот за инвестициско банкарство.

На оваа позиција дошол откако во 2001 и 2002 бил ангажиран како маркетинг менаџер во Автомобиле СК.

Инаку Николоски е сопственик на култната скопска кафеана Уранија.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...