PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Кој кого нападна? Украинските бунтовници велат дека Киев ги гранатирал, владата демантира: „Тие нѐ нападнаа нас“

Feb 17, 2022

Украинските безбедносни сили утринава два часа гранатираа девет населени места на териториите на самопрогласените Доњецкa и Луганскa народнa републикa, тврдат локалните власти, додека украинската армија негира дека извршила таква акција.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Испукани се околу 160 гранати со калибар поголем од 12,7 милиметри“, велат локалните власти. Според претставникот на Доњецк, „вооружените формации на Украина грубо го прекршија режимот на прекин на огнот, користејќи оружје што, во согласност со договорите од Минск, мораше да биде повлечено“.

Според него, од 3.30 часот по средноевропско време, украинската армија со минофрлачи со калибар 120 и 82 милиметри, фрлачи на гранати и тешки митралези гаѓала кон населбите Сокољники, Золото 5, Весјоленко, Нижне Лозово и Доњецки, кои се под контрола на Луганск. Сепак, украинската влада ги негира наводите.

„И покрај фактот што нашите позиции беа гаѓани со забрането оружје, вклучително и артилерија од калибар 122 милиметри, украинските војници не отворија оган како одговор на тоа“, изјави за Ројтерс портпаролот на операцијата на украинските здружени сили.

Засега не се знае колку се сериозни инцидентите и нема реакција од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ја надгледува ситуацијата во источна Украина, но која во последните денови повлече некои од своите набљудувачи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ