Кои шест пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за Уставните измени?

По вчерашната панична најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за обезбедување на 44 нотарски изјави со кои пратениците на ДПМНЕ не би гласале за уставни промени, се поверојатна се чини можноста дека најмалку шест пратеници од редот на коалицијата на ДПМНЕ овој пат сепак би гласале за уставните измени.

Мицковски со овој чин кој што наликува на мениците на Груевски, јасно покажува дека ги тера пратениците од своите редови на послушност и поданост кон неговите лични ставови, спротивно на пораките кои што пристигаат од Вашингтон и Брисел, скоро идентично како во 2015 година за време на падот на Груевски.

СДСМ и ДУИ во своите соопштенија обвинуваат дека таквата политика е антиевропска и проруска, што засега не е демантирано ниту од ВМРО ниту од Левица.

Аналитичари и политички коментатори на социјалните мрежи сметаат дека деморализирачки и навредливо е ваквото негово однесување кон пратениците чии избраници се народот и при гласање во Собранието треба да гласаат самоволно, но и сметаат дека законската вредност на нотарските изјави е ништовна.

Дали односот спрема пратениците, навредата и недовербата искажана кон нив и третирањето само како гласачка машина заради лична потреба ќе предомисли некои од пратениците да поддржат уставни измени, слично на 2019 година кога 8 пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМЕ се одметнаа од Мицковски и гласаа за уставните измени согласно Преспанскиот договор.

Деск.мк дознава дека неколку пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ веќе пристапиле со лични барања кон институциите и челниците на владината коалиција наговестувајќи подготвеност за конструктвност наспроти наметнстиот “диктат” од Мицкоски кој што се интерпретира како несигурност во себеси.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...