Колку сме безбедни од воздушни напади?

Пред неколку дена дрон од советско производство ги прелета Молдавија, Романија и Унгарија, потоа навлезе во воздушниот простор на Хрватска и се сруши во резиденцијалната област на Загреб. Освен Молдавија, другите земји се членки на НАТО и се дел од заедничката одбрана на Алијансата.

Во слична ситуација како Романија, Унгарија и Хрватска се наоѓа и Република Македонија, која според одалеченоста од борбените дејствија во Украина, би можела да се најде во опасност од некое „заталкано“ летало.

Од Министерството за одбрана (МО) за Плусинфо објаснија, дека одбраната на македонското небо е дел од здружена операција на НАТО.

„Република Северна Македонија како членка на НАТО е дел од колективниот систем на одбрана на Алијансата кој вклучува и непрекинато набљудување на воздушниот простор на нашата држава. Набљудувањето на нашиот воздушен простор како и над секоја НАТО земја членка е дел од интегрираниот систем за надгледување и контрола на воздухот со што сме дел од структурата за воздухопловна команда и контрола за предупредување и брза реакција за меѓусебнa заштита – велат од МО.

Според информациите споделени од министерството, Македонија располага со баталјон за набљудување на воздушниот простор, но евентуалната реакција на воздухопловите на сојузниците од НАТО ќе дојде откако од АРМ ќе го информираат регионалниот центар во Лариса, Грција, а од грчката армија ќе се прејават во Шпанија.

„Во состав на Армијата постои баталјон за воздушно набљудување и јавување во чиј состав се наоѓа Центар за командување и контрола со воздушниот простор кој врши координација со соседните центри за воздушно набљудување, со М-НАВ, со Центарот за воздухопловни операции во Лариса, вклучително и главниот центар за воздухопловни операции на НАТО во Торехон, Шпанија кој е одговорен за државите на јужното крило на НАТО. Центарот за командување и контрола со воздушниот простор има воспоставена стандардно оперативна процедура согласно Техничкиот аранжман со НАТО за мисијата на воздушно патролирање која процедура подразбира постојано следење на ситуацијата во националниот воздушен простор преку радарска слика од Центарот за воздухопловни операции во Лариса и центарот за воздухопловни операции на НАТО во Торехон, Шпанија. Доколку по деталните проверки во меѓусебна координација се утврди дека одреден воздухоплов претставува закана за воздушниот суверенитет на државата, преку ланецот на командување и контрола се известува државниот авторитет одговорен за донесување на одлуки, по што во координација со Центарот во Торехон се донесува конечна одлука за ангажирање на воздухоплови од НАТО кои се дел од воздухопловното набљудување со што се превземаат потребни мерки (принудно слетување, употреба на сила/вооружување) – додаваат од министерството.

Македонија нема летала од класата ловечка авијација, па затоа е зависна од воздухопловството на сојузниците, но од министерството потсетуваат дека нашата армија поседува ПВО-системи, со кои би можело да се реагира во случај на прелет на помали летала, каков што беше дронот што се сруши во Загреб.

„Во однос на капацитетите за противвоздушна одбрана на Армијата на Република Северна Македонија, таа во својот состав има батерија за противвоздушна одбрана која располага со системи и средства за противвоздушна одбрана од летала на мали височини“, тврдат од Министерството за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...