Дали некогаш сте му поставиле вакво глупаво и сексистичко прашање на маж, напиша таа.
Нивес Целзијус со своите објави во провокативни изданија редовно привлекува внимание и добива комплименти, а ги игнорира негативните коментари.
Но на еден од своите следбеници сепак решила да му одржи „лекција“ откако тој претерал со својот коментар.
– Кога е фотката од кујна, домаќинке? Секој има задник – гласел коментарот..
Нивес го карактеризираше неговиот коментар како сексистички и јавно се пресмета со него.
– Ако го игнорираме фактот дека на мојот профил има многу фотографии од кујна, а дека домаќинка може да биде и било која, се прашувам дали некогаш сте му поставиле вакво глупаво и сексистичко прашање на маж – одговори Нивес и заслужено собра голем број лајкови.
https://www.instagram.com/p/CbLgUthLyeG/?utm_source=ig_embed&ig_rid=9b951a0d-df87-4e8e-b8b5-3bc7a1af38b4