Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за С Македонија и ја повика ЕУ да почне преговори со Скопје и Тирана

Извештајот за 2021 година подготвен од известувачот Илхан Ќучук ја поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија на евроатлантската безбедносна рамка, како и целосното усогласување на земјата со надворешната и безбедносната и одбранбената политика на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина
Во текстот, исто така, се нагласуваат ризиците од зголемување на економската и енергетската зависност од Кина и Русија и се изразува загриженост за ранливоста и зависноста што произлегуваат од кинеските инвестициски заеми во целиот регион

Европратениците го повикуваат Советот да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, наведувајќи го исполнувањето на условите и геостратешкиот контекст на руската агресија во Украина.

„Официјалниот почеток на пристапните преговори ќе биде инвестиција во довербата во ЕУ, како и во стабилноста, просперитетот и тековните процеси на помирување во регионот на Западен Балкан“,
велат европратениците од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) кои денеска го усвоија извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2021 година подготвен од известувачот за С Македонија, европратеникот Илхан Ќучук.

Како што соопшти Европскиот парламент, извештајот е усвоен со 66 гласа за, 4 против и 5 воздржани, јави БГНЕС.

Извештајот, кој го оценува напредокот на земјата кон членството во ЕУ, го повикува Советот формално да ги отвори пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, особено во геостратешки контекст на односите со Русија и нејзината агресија врз Украина.

Во текстот се повикува ЕУ критички да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и Западен Балкан и да го покаже европското единство и нејзината целосна политичка посветеност на проширувањето на Унијата.

Европратениците изразуваат жалење што Советот сè уште не ги започнал долгоодложуваните пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Овој неуспех ги поткопува јавните ставови кон ЕУ и претставува сериозна закана за политиката на проширување во целина“,
се вели во извештајот, и се нагласува дека двете земји ги исполниле условите поставени од Европскиот совет и постигнале трајни резултати.

Европратениците и честитаат на Северна Македонија за нејзините тековни напори за зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и правата на малцинствата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и зајакнувањето на слободата на медиумите.

Извештајот ја поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија на евроатлантската безбедносна рамка, како и целосното усогласување на земјата со надворешната и безбедносната и одбранбената политика на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина.

Во текстот, исто така, се нагласуваат ризиците од зголемување на економската и енергетската зависност од Кина и Русија и се изразува загриженост за ранливоста и зависноста што произлегуваат од кинеските инвестициски заеми во целиот регион.

По гласањето во Комисијата за надворешни работи на ЕП, извештајот ќе биде ставен на пленарната седница на 18 и 19 мај.

ТОП ВЕСТИ

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...