Комисиска расправа за избор на уставни судии

Пратениците дискутираат за кандидатурата на Тања Васиќ Бозаџиева.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предлозите за уставни судии. Пратениците расправаа за кандидатурата на Тања Васиќ Бозаџиева, вработена во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство. Комисиската расправа ќе продолжи по едночасовната пауза дадена од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска, Васиќ Бозаџиева не е соодветен предлог за уставен судија и побара да се повлече нејзината кандидатура. Како што посочи, со биографија од две страници Васиќ не може да ги заштити човековите права на граѓаните.

– Госпоѓата Васиќ не е истакнат правник. Ги нема условите и критериумите кои што треба да ги поседува еден кандидат за член на уставен судија. Истата не може да ја зајакне, ниту пак да ја унапреди работата на Уставниот суд, ниту да ја штити уставноста на Република Македонија. Не може да ја подобри довербата на граѓаните во институциите, особено не во судството и затоа истата не може да добие поддршка да биде избрана за уставен судија. Васиќ би можела да биде солиден помлад соработник во некои од министерствата за јавна администрација, во некои техничко-логистичките служби на судовите, но во никој случај не би можела да биде уставен судија, оцени Петрушевска.

Членовите на Комисијата за прашања на избори и именувања досега го утврдија предлогот на владејачкото мнозинство актуелниот судија во Апелацискиот суд Скопје Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија. Одбиен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Родна Живковска да биде избрана за уставен судија.

Пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...