Компанијата „Неуралинк“ на Илон Маск доби одобрение од ФДА за истражување на мозочни импланти

Компанијата за импланти на мозокот на Илон Маск, „Неуралинк“ (Neuralink), вчера соопшти дека добила зелено светло од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да го отпочне своето прво клиничко испитување врз луѓе.

 

Маск од 2019 година повеќе пати предвидуваше дека неговата компанија за медицински помагала ќе почне со испитувања на мозочните импланти врз лица за лекување на тешки состојби, како парализа и слепило, а кон крајот на минатата година се најде на насловните страници кога кажа дека веќе е толку уверен во безбедноста на уредот што е подготвен да го вгради во своите деца.

 

Сепак, компанијата, основана во 2016 година, до почетокот на 2022 година не побара одобрение од ФДА, а агенцијата го одби барањето, изјавија во март седуммина сегашни и поранешни вработени, додавајќи дека ФДА и искажала на „Неуралинк“ за неколку загрижености што таа треба да ги реши пред да ги почне испитувањата врз луѓето.

Главните проблеми ги вклучуваа литиумската батерија на уредот, можноста за мигрирање на жиците на имплантот во мозокот и предизвикот за безбедно извлекување на уредот без оштетување на мозочното ткиво.

 

Вчерашното одобрување од ФДА доаѓа во момент кога американските законодавци ги повикуваат регулаторите да истражат дали составот на панелот што го надгледува тестирањето на животни во „Неуралинк“ придонел за неисправни и избрзани експерименти, а компанијата и претходно била предмет на федерални истраги.

Во твит од вчера „Неуралинк“ соопшти дека сè уште не е отворен за клинички испитувања.

 

„Ова е резултат на неверојатната работа на тимот на „Неуралинк“, во тесна соработка со ФДА, и е важен прв чекор што еден ден ќе и овозможи на нашата технологија да им помогне на многу луѓе“, објави компанијата вчера на Твитер.

ФДА засега не излезе со свој коментар на веста, пренесуваат британските медиуми. сд/ .

 

Извор: МИА

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...