Конечно објавен имотниот лист на министерот Тупанчески

Конечно излезе податокот за имотната состојба на министерот за правда Никола Тупанчески. Неговиот и имотниот лист на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и по четири месеци од изборот до скоро не беа објавени на интернет страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Сега на Тупанчески е јавен, но не и на Грковска. Од она што се гледа од листот на министерот кој стана актуелен по патувањето во Палермо каде играше македонската фудбалска репрезентација, се заклучува дека тој има поголеми заштеди, но и два стана во главниот град.

Имено Тупанчески пријавил дека тој како личен имот има еден стан од 72 квадрати во Скопје и уште еден во главниот град од 98 метри квадратни. Помалиот вредел 6,2 милиони, а поголемиот 9,3 милиони денари. Од недвижен имот Тупанчески има и две гаражи, додека од подвижен поседува еден мопед веспа и едно возило мерцедес кое вреди 900.000 денари односно над 14 илјади евра.

Како имот од брачен другар е наведено едно возило голф од 600.000 денари и дополнително девизен депозит од 10.000 евра и еден сеф со 90.000 денари. Сопругата има и приходи од акции и дивиденди. Самиот Тупанчески пак има девизен депозит од над 98 илјади евра, а на девизната сметка навел дека има речиси 14.000 евра.

Министерот за правда Никола Тупанчески, станаактуелен по неговото патување во Палермо, каде ја бодреше нашата репрезентација. Тој признадека не ја платил картата за чартер летот и влезот на стадионот. Фактурата за аранжманот, пак, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, по четири дена од одржувањето на натпреварот.

И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...