Конект.мк – нов интернет портал за технологија и иновативни науки


– Од неодамна, на глобалниот интернет простор постои новиот македонски веб-портал за популарна технологија и иновативни науки Конект.мк. Креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, Конект секојдневно ќе ги  информира, едуцира и советува посетителите со голем број нови содржини, покривајќи ги глобалните технолошки трендови, но и македонскиот ИТ и бизнис пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен ИТ-портал кој ги опфаќа сите области од индустријата и телекомуникациите, обраќајќи се до најразличните профили корисници: од пасионираните љубители на технологијата, средношколци и студенти, се до крајните купувачи, менаџерите и бизнис клиентите. Порталот Конект е дизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно чист изглед, при што е респонсивен и целосно прилагоден за паметните телефони, таблет уредите и компјутерите.

„Основната визија на Конект.мк е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите технолошки интереси и потреби, притоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација на сајтот, креирани според најновите веб-стандарди. Конект.мк ги таргетира современите луѓе, свесни дека технологијата е еден од најважните аспекти од секојдневниот живот, работа и забава“, изјави Никола Бурагев, основач и главен уредник на Конект.

Речиси нема возрасен човек кој секојдневно не користи смартфон, паметен часовник, таблет или лаптоп, поради што Конект.мк ќе биде исполнет со вести и рецензии за најновите мобилни уреди и различните видови компјутери. Веб-порталот Конект ќе изобилува и со информации и теми поврзани со иновативните македонски и странски компании, технолошки стартапи и бизнис клиенти, а главна идеја на Конект.мк е промоција на иновативноста во сите сфери на општественото живеење.

Експанзијата на социјалните медиуми што ги користат поголемиот дел од луѓето кај нас и во светот само ја потврдува постојаната изложеност на дигиталната сфера, поради што посебен акцент на Конект ќе биде ставен на свежи информации од глобалната интернет мрежа. Софтверската секција нуди информации и совети во врска сонајпопуларните апликации и програми, рубриката Футуризам ги опфаќа најразличните иновативни науки, додека забавниот дел од сајтот го сочинуваат мултимедија, гејминг, како и невообичаените паметни уреди.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...