Kонтејнери за собирање на отпад во општина Пласница, проект вреден над милион денари

Општина Пласница денеска официјално врши преземање на контејнери за собирање на отпад.

Активноста е дел од проектот: Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина кој го спроведува Центарот за развој на ЈПР во соработка со општините партнери меѓу кои и Општина Пласница.

Основна цел на овој проект е подобрување со управувањето врз животната средина во регионот и намалување на загадувањето врз почвата и водите.

Проектот е финансиран од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој за 2021/2022 година.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1.061.376 д. од кои 960.000 д. ЈПР ги обезбеди преку Виро за регионален развој, а пак општина Пласница учествуваше со 101.376 денари.

Инаку дeнеска пристигнаа вкупно 59 големи пластични контејнери од 1100 л. и 258 пластични контејнери од 120 л. наменети за домаќинствата и правните лица, а дел ќе бидат поставени на јавните површини во сите населени места на општина Пласница.

Се надеваме дека со реализацијата на овој проект и поставувањето на контејнерите за отпад во сите четири населени места на територија на општина Пласница ќе се собира отпадот и ќе се намали загадувањето на почвата и водите.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...