Корекции во учебниците што го негираат хрватскиот јазик


Србија

По барање на народниот правобранител, српското министерство за образование побара издавачите да ја променат содржината на учебниците за осмо одделение во основно училиште во кои се негира постоењето на хрватскиот јазик, што беше оценето како голем чекор напред од раководството на хрватското малцинство. Во дефиницијата за поделба на јужнословенските јазици во српските учебници се наведува дека Хрватите, Бошњаците и Црногорците користат српски јазик, но го нарекуваат хрватски, босански и црногорски.
Од Министерството наведуваат дека на издавачите им биле испратени упатства за промена на дел од содржината според кои поделбата на јужнословенските јазици треба да се прикажува преку наративно објаснување, без табела или список. Од Министерството за образование понатаму наведуваат дека на издавачите им е наложено до 15 мај да поднесат барање за да се утврди дека новото издание на одобрениот учебник содржи амандмани.
Исто така, од издавачот беше побарано „да ги обезбеди сите примероци од учебниците што сѐ уште се на пазарот, со корекција на објавениот текст во форма на испечатена коригирана страница прикачена на постојната страница во учебникот“.
Министерството тоа го направи по барање на народниот правобранител Зоран Пашалиќ, кој во јануари побара повлекување од употребата на учебниците на српски јазик за осмоодделенците поради прекршување на правата на националните малцинства.
По повод најавата за измени на спорните учебници, претседателката на Хрватскиот национален совет, Јасна Војниќ, изјави дека е позитивно изненадена од постапките на државните органи на Србија. Таа појасни дека досега имало голем број случаи на дискриминација и неспроведување на владеењето на правото, на кои српските институции речиси никогаш не реагирале или реагирале на начин што го прекршува сопственото законодавство.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...