PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Косово бара информации од Швајцарија за наводите за атентат на Дик Марти

Apr 14, 2022

[ad_1]

Фото: Принт-скрин
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Косовските безбедносни институции побарале информации од Швајцарија во врска со наводите дека тајни служби на Србија планирале да го убијат поранешниот специјален известувач за Косово во Обединетите нации по војната во 1998-99 година, Дик Марти, со цел за тоа да ги обвинат косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Беким Купина, советник на претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави за ТВ Коха дека официјална Приштина е во очекување на информации од Швајцарија, откако тамошните медиуми објавија дека Марти е под специјална полициска заштитa поради сознанијата дека му е загрозен животот од одредени српски служби.

– Претседателката Османи ги контактира безбедносните институции и побара од нив веднаш да обезбедат официјална информација од швајцарските власти за планот на српските разузнувачки агенции за елиминарење на пранешниот швајцарски сенатор Дик Марти. Поради чувствителноста на случајот, претседателката ќе се огласи повторно откако ќе добие официјални информации од швајцарската држава – ијави Купина.

Косовските медиуми деновиве ги пренесоа информациите објавени во швајцарски гласила дека Марти веќе 16 месеци е под специјален третман и силни заштитни мерки, поради информации дека од страна на српски служби било планирано тој да се убие и потоа за неговото убиство да се обвинат Албанците.

Српската Безбедносна информативна агенција (БИА), според медиумите во Белград, ги негирала наводите дека планирала убиство на Марти и тврди дека наводниот документ со закани по неговиот живот, кој дошол во посед на швајцарските разузнавачки служби, е напишан од британски тајни служби.

Меѓу косовските Албанци Марти ужива негативен публицитет, поради неговиот извештај до ООН дека има индиции оти, за време на војната во 1998-99 година, Ослободителната војска на Косово организирала трговија со човечки органи, кои биле вадени од воени заробеници и од цивили.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ