PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Косовските опозициски лидери утрово на средба кај Курти по повод состојбата на северот на земјата

Nov 8, 2022

Лидерите на најголемите опозициски партии на косовските Албанци одговорија потврдно на поканата на премиерот Албин Курти за средба по повод најновата ситуација предизвикана од повлекувањето на Србите од државните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Курти синоќа ги повика на средба, закажана за во 8 часот претпладне, претседателите на трите парламентарни опозициски партии, на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику и на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај.

Од трите партии синоќа објавија дека нивните лидери ќе присуствуваат на средбата кај Курти, на која ќе се разгледа ситуацијата во северниот дел на земјата, предизвикана од излегувањето на претставниците на српското малцинство од државните и локалните институции.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово, поради, како што објавија, најавите од владата на Курти дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој исто така поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање во владата на Курти, порача дека Србите ќе останат надвор од институциите сé додека не се повлече одлуката за табличките и не се формира Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

Курти синоќа ги обвини властите во Белград и српскиот претседател, Александар Вучиќ дека, по инструкции на рускиот претседател, Владимир Путин сакаат да предизвикаат криза во Косово и во регионот и да ги минираат напорите на меѓународната заедница за постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ