Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за Утрински брифинг одговори и за обвинувањата од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски дека СДСМ се обидува да ги подели Македонците на про-Руси и контра-Руси.
-Тие обвинувања се без никаква основа. Македонската влада, СДСМ и коалиционите партнери имаат едногласен став дека го осудуваме нападот на Русија врз Украина и го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина. Членка на НАТО сме и ја поддржуваме таа политика, а се приклучуваме и кон меѓународните економски санкции. ВМРО-ДПМНЕ треба да размислат зошто се во коалиција со партијата Левица која е за Русија. Тие го делат народот по партиска и етничка основа. Не поднесуваат извештаи пред народот туку пред нивниот партиски лидер, вели премиерот Димитар Ковачевски за Утрински брифинг.