Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за правда Кренар Лога, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Австрија, Освит Росоклија, како и сојузната министерка за правда на Австрија, Алма Задиќ и амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас.

На средбата е нагласено долгогодишното пријателство и одличното ниво на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, како и развиената взаемна соработка во повеќе сектори.

Поддршката на Австрија за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија е континуирана и силна, беше речено на состанокот, со појаснување дека Австрија има цврста определба дека сака побрза интеграција на регионот како дел од ЕУ.

Претседателот Ван дер Белен нагласи дека Австрија и понатаму силно и гласно ќе ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, потенцирајќи дека земјата се движи во вистински правец и на тој пат е потребен национален консензус. Во однос на претстојниот процес поврзан со уставните измени, Претседателот истакна дека следниот чекор на државата не е лесен, но Северна Македонија може да смета на Австрија како на сигурен партнер на тој пат.

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на австрискиот претседател Ван дер Белен за несебичната поддршка и континуираното партнерство со нашата земја во изминатите речиси три децении, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, особено во Обединетите нации, како и во рамките на ОБСЕ, каде нашата улога е нагласена оваа година, кога Република Северна Македонија е во улога на претседавач со Организацијата, а чија кандидатура беше поддржана од Австрија.

Заеднички е констатирана улогата на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот и како кредибилен партнер на НАТО и ЕУ, што е особено важно во процесот на обезбедување на напредок на земјата, како и пристапување на земјата во европското семејство на народи.

Премиерот Ковачевски го истакна значењето на Австрија како еден од најголемите странски инвеститори во државава, со констатација дека постои потенцијал за зголемување на нивото на трговската размена.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...