Денеска во грчкиот град Александрополис ќе биде означен старт на изградбата на гасоводот преку кој и Македонија ќе биде поврзана со терминалот за течен нафтен гас.
На настанот покрај грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе присуствуваат и македонскиот Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил петков чии земји исто така имаат удели во изградбата на гасоводот. Најавено е дека ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ Според владината најава, предвидено е Ковачевски да се обрати на свечената церемонија.
Ковачевски ќе има прилика да се сретне со Петков прв пат по тензичното отворање на клубот во центарот „Иван Михајлов“. по овој настан Ковачевски во Собранието рече дека бил вознемирен од името кое го носи клубот на нацистички колаборационист.
Терминалот за складирање течен гас во Александруполис чини 400 милиони евра. Се состои од пловечки објект каде ќе се чува енергенсот кој таму во течна состојба ќе стига со бродови цистерни. Ќе се преработува во гас, па ќе се пушта во употреба во регионот.
Земјава потпиша меморандуми за да располага со 10% од акциите во овој терминал, но за гасот да стигне довде треба да заврши изгрдбата на гасоводот во земјава.
Во состав на Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.