Ковачевски ќе ја предводи владината делегација во посета на Вселенската патријаршија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утре (недела), 12.06.2022 година ќе предводи делегација на Владата на Република Северна Македонија којашто во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј, ин формираат од Влада.

-Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света Литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, велат од Влада.



Source link

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...

Српската полиција го уапси Милан Радоичиќ

Поранешниот претседател на Српската листа минатата недела одговори на поканата на државните органи на Србија и даде изјава за околностите за трагичниот настан во...

Тинејџер изврши тројно убиство во трговски центар во Бангкок

На социјалните мрежи може да се видат снимки од бегството на посетителите од шопинг центарот, што беше затворен веднаш по пријавата на нападот, како...