Ковачевски: Идната недела започнува економско-социјалниот дијалог за ново зголемување на минималната плата

„Владата останува на својата заложба за зголемување на минималната плата и затоа идната недела започнува економско-социјалниот дијалог за нејзино ново зголемување. Ако некој бил за зголемување на минималната плата, тогаш тоа биле Владата на СДСМ и да не заборавиме дека минималната плата беше 9.000 денари, сега е над 15 илјади денари“, рече во интервју за Националната радиотелевизија премиерот Димитар Ковачевски.

„Јас бев еден од поддржувачите коишто сметаат дека треба да се качи платата од 9 до 15 илјади денари бидејќи учествував во правењето на таа економска програма со другите членови на тимот коишто ја правеа во тоа време. Јас исто така бев тој којшто кажа дека минималната плата треба да се зголеми, меѓутоа и тогаш и сега минималната плата треба да се зголеми низ економско-социјален дијалог. Зошто? Бидејќи минималната плата не може да биде еднострана одлука, административна бидејќи тука се засегнати компаниите“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека Владата постојано креира политики за поддршка на компаниите за да ја одржуваат продуктивноста за да има реален раст на минималната плата.

„Затоа државата им стои на располагање и на работниците и на работодавачите. Веќе во понеделник има закажано состанок помеѓу синдикатот, Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерката за труд и социјална политика и Министерот за информатичко општество и администрација, на којшто ќе се разгледаат сите барања на синдикатот. Потоа веднаш ќе отпочне економско-социјалниот дијалог со стопанските комори и другите претставници на работодавачите. Така беше и минатиот пат, така беше и при воведувањето на недела неработен ден. Што значи дека Владата останува на својата заложба за зголемување на минималната плата“, рече претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за јавниот радиодифузен сервис.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...