Ковачевски: Искажавме јасен став за францускиот предлог, за идентитетски прашања нема преговори

„Нема да дозволам прифаќање на идеи кои што не прават јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет. Повторувам дека историските прашања не можат да бидат критериум за преговарачката рамка и во преговорите со ЕУ или со која било организација. Преговорите со ЕУ мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција пред да бидат отпочнати измени на Уставот за внесување на Црногорците, Хрватите, Бугарите и други заедници во преамбулата. И ЕУ и Бугарија ќе треба да изнесат гаранции дека нема да има други барања“, рече во Собранието на Македонија премиерот Димитар Ковачевски.

Во рамки на седницата посветена на пратеничките прашања, пратеникот Александар Николоски на премиерот Димитар Ковачевски му постави прашање – дали ќе поднесе оставка затоа тоа што Македонија, како што рече, е пред национална катастрофа поради штетниот по националните интереси францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија за кој, како што нагласи, се чини дека уште се водат преговори.

„Негативен е мојот одговор на барањето за избори, а нашиот став во Брисел за францускиот предлог беше јасен и конкретен”, одговори Ковачевски.

„Нe треба да има предвремени парламентарни избори. Избори не се во интерес на граѓаните во овие услови кога Владата се грижи за националните интереси на сите граѓани без оглед на нивната припадност. И во изминатиот период, согласно резолуциите донесени во ова Собрание, министрите без оглед на етничката припадност ги почитуваат ставовите на овој законодавен дом. Таков став искажавме пред нашите европски и НАТО партнери. Но, во Резолуцијата на Европската народна партија има негирање на идентитетот на македонскиот народ, а таму приствуваше највисока делегација на ВМРО-ДПНЕ, но не видовме изјава од вас дека сте се спротивставиле. Ние ги браниме интересите пред 27 земји на ЕУ, а вие не се изјаснивте. Сите граѓани се борат за својот национален интерес и гордост. Ние во Брисел го кажавме тоа што требаше да се каже, без да навредиме кого било, ниту дома, ниту надвор од земјава“, рече Ковачевски.

Николоски на тоа рече дека Македонија го добила најлошиот предлог во споредба со кога било претходно. Директно се негира македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, култура, историја, традиција, македонскиот народ, рече тој.

„Незамисливо е дека една Франција поднесува предлог без да ги консултира двете земји. Делегации од Франција беа во посета и на Скопје и на Софија. Сигурно не биле тука за да ги гледаат знаменитостите на Скопје“, рече Николоски.

Ковачевски одговорајќи на прашање од друг пратеник рече дека е јасен одговорот во однос на разни нацрт идеи во ЕУ за решавање на прашањата во однос на Бугарија.

„За мене, за претседателот на државата, за коалициските партнери и за граѓаните не се прифатливи идеи кои што не прават јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет и кои што во мултилатерални преговори со ЕУ ќе бидат исклучиво за прашања поврзани со мерит – системот, односно да нема билатерални прашања во мултилатерални рамки. Уште еднаш пред вас повторувам дека историските прашања не можат да бидат критериум за преговарачката рамка и во преговорите со ЕУ или со која било организација. Преговорите со ЕУ мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција пред да бидат отполнати измени на Уставот за внесување на Црногорците, Хрватите или Бугарите во преамбулата. И ЕУ и Бугарија ќе треба да изнесат гаранции дека нема да има други барања во однос на нашите интегративни процеси. Ако биде така, подготвени сме да разговараме. Како и секоја друга држава, така и ние треба да влеземе во ЕУ со сите наши различности кои ќе бидат почитувани, како што ние ги почитуваме туѓите различности“, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека нашата држава почитува секакви етнички, верски и други различности, притоа да го надмине статусот на „заробена држава“ и дека 45 проценти од домашното законодавство е во согласност со европското. Во тој поглед, рече премиерот, имаме поусогласени закони со ЕУ отколку некои земји кои веќе преговараат со ЕУ.

Во тој контекст Ковачевски го нагласи и примерот со Отворен Балкан која иницијатива се темели на европски вредности за слободно движење на луѓе и материјални добра.

„Преку глава ми е кога од земји кои се во ЕУ и кои немаат граничен режим ни нудат средства за подобрување на граничниот режим. Ете, во таа насока се заложбите на Отворен Балкан“, нагласи Ковачевски.

„Еден ден ќе бидеме членка на ЕУ. Затоа што европски се однесуваме и членството го заслужуваме“, ја заврши дискусијата Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...