PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ковачевски најави поевтина струја за компаниите и стабилизирање на цените на храната

Oct 30, 2022

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на прес – конференција изјави дека ќе има поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Со ова ќе треба да се стабилизираат цените на храната. Се очекува цените на производите да се намалат за најмалку 10 отсто.  Евтина струја ќе има за училиштата. Истото ќе важи и за јавните претпријатија. 95 евра по мегават час ќе биде цената на електричната енергија.

„Во оваа енергетска криза, секој денар е важен за граѓаните. Се очекува најтешката зима по Втората светска војна. Граѓаните нема сами да ја пребродуваат оваа криза“, рече премиерот.

Субвениците за над 600.000 домаќинства и фирмите ќе продолжат и натаму. 42.000 граѓани од ранливите катергории и пензионерите ќе добијат поддршка оваа зима.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ