Ковачевски на Прием во чест на 50-годишното членство на Германија во ОН

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваа на прием организиран во чест на 50-годишното членство на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.

На приемот е реафирмирано значењето на Германија како одговорен партнер на Организацијата на Обединетите нации и принципиелен бранител на меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право.  Изминатите децении, обединета Германија презеде зголемена одговорност во Обединетите нации и денес е втор најголем придонесувач во системот на ОН во целина и втор по големина билатерален донатор на хуманитарна помош..

Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Олаф Шолц јубилејното 50-годишно членство на Германија во ОН и големиот придонес на државата во целокупниот систем на ОН. Во кусиот разговор со канцеларот Шолц, премиерот Ковачевски се заблагодари за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, правејќи ја Германија една од најблиските европски партнери на нашата земја.

Премиерот Ковачевски на приемот имаше неформални разговори со повеќе светски лидери, во коишто е нагласен и примерот на ефективна дипломатија што го дава Република Северна Македонија, којашто годинава одбележа 30-годишно членство во ОН и којашто од земја корисничка на мировни мисии, денес е држава домаќин на меѓународни преговори за решавање прашања од интерес за стабилноста на Западен Балкан, ЕУ и во светот.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...