PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ковачевски прогласи победа и во Маврово Ростуше: Европска Македонија е апсолутен победник на овие избори

Aug 20, 2022
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Ростуше прогласи уште една, двојна победа на вонредените локални избори честитајќи му на кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски за изборот за градоначалник.
„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ.
3.238 гласови наспроти 1.900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните.
Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник.” рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека ова е прва изборна победа откако е претседател на СДСМ и откако ја предводи владејачката, европска коалиција.
„Драги сограѓани, денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните. Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата!  Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска.„ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното обраќање.
Во продолжение интегрален текст од обраќањето на претседателот Димитар Ковачевски.
 
   „ Добровечер драги мои сограѓани, почитувани жители на Маврово и Ростуше,
Нека ни е честита победата на Медат Куртовски!
Денес е голем ден, вие застанавте и одлучно кажавте дека сакате Маврово и Ростуше да продолжи напред.
Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и го дадоа својот глас и придонесоа за овој изборен ден да помине демократски и достоинствено.
Имавме фер, слободни и демократски избори.
Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ.
3.238 гласови наспроти 1.900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните.
Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник.
Ве уверувам дека so посветена работа Медат ќе продолжи за вас, за цело Маврово и Ростуше ќе продолжи и ветените проекти од програмата.
На противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ исто така сакам да му се заблагодарам. Имаме сега избран градоначалник, сега е време сите заедно да придонесеме за развојот на Маврово и Ростуше.
Медат, Ти честитам на денешната победа. Нека ти биде поттик да работиш уште повеќе и попосветено за напредокот на општината.
Драги сограѓани,
Денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните.
Победата на Медат е победа на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина за целата држава.
Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата!
Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција.
Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики.
Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска.”
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ