PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ковачевски: Протоколот не е поврзан и не го условува почетокот на преговорите со ЕУ, да не се шпекулира за содржината и важноста на овој документ

Jul 13, 2022

„Сакам да е кристално јасно – протоколот е всушност записник од состанок меѓу министерствата за надворешни работи, билатерален документ кој не ја условува преговарачката рамка. Всушност, протоколот воопшто не е ни споменат во преговарачката рамка. Дотолку повеќе протоколот потврдува дека тој не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите. Од таа причина, апелирам да не се шпекулира и за содржината и за важноста на овој документ“, вели премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Премиерот вели дека она што е важно да се знае за протоколот е дека тој се работи на база на реципроцитет.

– Ние инсистираме на тоа. Тоа значи дека обврските или задачите кои ќе си ги поставиме ние и Бугарија како две држави, билатерално, тие важат и за двете страни. Никој нема мандат да прифаќа еднострани барања ниту пак може да дејствува по нив. Реципроцитетот како принцип е основа за сѐ што се работи, додаде Ковачевски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ