PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ковачевски: Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија

Apr 27, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама посветен на идните чекори на заедничката препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На состанокот тројцата лидери се договорија дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заеднички ќе се организира голем туристички саем на вино и храна во Србија на кој македонските, албанските и српските производители на вино и храна ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гостите од регионот и Европа.

„На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски“, соопштија од Владата.

На денешниот состанок беше истакнато дека Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ