Граѓаните во Центар Жупа потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, знаат дека државата треба да оди напред, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршување на вонредните избори за градоначалник на општината, на кои победи единствениот пријавен кандидат на коалицискиот партнер на СДСМ, Турската демократската партија Аријан Ибраим.
„Сите деструктивни сили кои работеа да не успеат изборите се соочија со пораз“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Центар Жупа.
Услов за успех на денешните избори во Центар Жупа беше одѕив на гласачите од една третина. Според информациите на ДИК, до 18.30 часот во оваа општина на гласање излегле 46,3 отсто.