Ковачевски – Вучиќ – Рама: Нашите визии за просперитетен стабилен и европски Балкан стануваат реалност

Apr 2, 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ одржаа заедничка прес-конференција во Бардолино, Италија, каде остварија трилатерална средба.

Во продолжение интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски од прес-конференцијата во Бардолино, Италија:На почетокот сакам да се заблагодарам на медиумите коишто се денеска тука со нас во голем број.

Би сакал да се заблагодарам на нашите домаќини од регионот Венето, како и на домаќините од убавиот град Бардолино и градоначалникот, кој ни овозможи логистика и поддршка за да го одржиме состанокот тука, како и да се заблагодарам на моите пријатели претседателот Вучиќ и премиерот Рама бидејќи денеска заедно сме на еден од најголемите и најважни фестивали на виното овде во Италија „Винитали”, каде настапуваме на заедничкиот штанд „Wine vision of Open Balkan”.

Кога зборуваш трет на иста тема, тогаш има голема можност да ги повторувате повеќето работи, но, како што велат, повторувањето е мајка на знаењето. Ќе ги повторам некои од најважните работи.

Докажано е дека Отворен Балкан дава резултати за луѓето и за бизнисите. Се докажа дека тоа што го повторуваме цело време, дека Отворен Балкан не е политичка иницијатива, напротив, тоа е економска иницијатива, базирана на четирите слободи, на коишто е базирана ЕУ, слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал. И се докажа низ бројки, како Александар и Еди што кажаа, и јас ќе кажам уште бројки, дека трговијата на Северна Македонија со Србија во 2022 година во споредба со 2019 година е зголемена за 53 проценти. Исто така, трговската размена на Србија е зголемена со Северна Македонија.

Четириесет отсто е зголемена трговската размена на Северна Македонија кон Албанија, а зголемена е и размената на Албанија кон Северна Македонија.

Се докажа дека пречките кои ги имавме на границите практично ги стопираа нашите луѓе и бизниси да работат заедно.

Со имплементацијата на зелените линии и само една фитосанитарна контрола ја забрзавме трговијата меѓу земјите.

Мојата изјава која што ја дадов во Белград, која практично беше најголем наслов по прес-конференцијата, заедно со премиерката Ана Брнабиќ, ќе ја повторам уште еднаш – нема поголема глупост од границите на Балканот, бевме земји без граници, а сега сме единствените земји со граници во Европа.

Кога одите на север од Србија сè до Скандинавија, немате граници. Кога одите на запад од Србија до Португалија, нема граници. Единствените граници се на Балканот.

Податоците кои претседателот Вучиќ ги сподели со нас дека 70 отсто од транспортот е поминат на граница, е, исто така, податок споделен од Светската банка.

Нам не ни се потребни граници бидејќи ги спречуваат луѓето да комуницираат меѓу себе.

Овој вински фестивал е, исто така, важен за Северна Македонија затоа што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. По Грција, ние сме најголемиот извозник со 60 милиони евра годишно, извоз на вина. Денеска, 14 висококвалитетни винарии од Северна Македонија, ќе се претстават на истиот штанд со најдобрите винарии на Србија и Албанија.

Ќе покажеме на сите дека оваа регионална соработка која ја имаме не само што помага на нашите граѓани, во нашите држави, туку помага и на сите луѓе во нашите три земји да се позиционираме меѓународно на еден од најголемите саеми во светот.

Ова е, исто така, и можност за привлекување излагачите да дојдат на нашиот вински фестивал на Отворен Балкан во Белград кој ќе се случи во ноември годинава.

Дискутиравме за уште една важна работа. Нашите филмски продуценти, режисери, уметници секогаш одат на важни фестивали. Тие ќе продолжат да одат на важни фестивали низ светот, но се согласивме да направиме и наш филмски фестивал кој ќе биде основан во Скопје и ќе почнеме со подготовките.

Ќе организираме спортски игри за шампионите во средните и основните училишта во нашите држави да се натпреваруваат меѓу себе, бидејќи каде се децата таму се и родителите, со цел да ги зближиме нашите граѓани.

На крајот, ќе заклучам дека оваа иницијатива е нешто навистина органско, автентично, базирано на добра верба, добра волја и добрососедски односи меѓу нашите три земји.

Податоците и бенефитите кои ги споделивме, како и придобивките кои ќе дојдат во блиска иднина со единствениот електронски систем за наплата на патарините меѓу Северна Македонија и Србија и во иднина со Албанија.

Со отворениот идентификациски број на личните карти секој вработен ќе може веднаш да почне да работи од една во друга земја. Нема поголем мотив и поголем доказ за другите земји во регионот да дојдат и да се приклучат на Отворен Балкан поради тоа што заеднички секогаш сме посилни”.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ