PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ковачевски за 11 октомври: „Обединети, на вистинската страна, продолжуваме напред!“

Oct 11, 2022

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска со честитка објава на социјалните мрежи го честиташе Денот на народното востание – 11 Октомври.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври.

Денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна, страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, на напредокот и конечно се изборија за слободарскиот идеал и мир.

Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни!

Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации.

Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред! Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината.

Да живее Денот на народното востание 11 Октомври, да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија!”, стои во објавата на ФБ страницата на премиерот Ковачевски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ