Ковид-пандемијата не е завршена, предупреди Тедрос Адханом Гебрејесус


фото: Пикселс

Пандемијата со ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи.

Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија.

Тој напомена дека речиси милијарда луѓе во земји со пониски приходи, не се вакцинирани.

Во неделниот извештај во четвртокот, за глобалната ситуација, СЗО наведе дека се чини оти бројот нови случаи со ковид-19 се стабилизира. Во пад е вкупниот број неделни смртни случаи.

Иако има напредок, со вакцинираност на 60 отсто од светската популација, „никаде не е готово, додека секаде не биде готово“, вели тој.

Тој додаде дека е регистриран раст на смртните случаи во Африка, континентот со најниска стапка на вакцинација.

Само во 57 земји, речиси сите богати, се вакцинирале 70 отсто од жителите.

– Генерално, гледаме неодлучност околу вакцината, предводена од дезинформации. Пандемијата нема магично да исчезне, но, можеме да ја докрајчиме – смета Тедрос.

Медиуми наведуваат дека се очекува Тедрос да биде именуван за нов петгодишен мандат оваа недела на годишниот состанок на земјите членки.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...