Крај на војната во Украина заедничка желба на Фон дер Лајен и папата Франциск


Фото : Фон дер Лајн (инстаграм)

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за напорите што се прават за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна.

– Ние стоиме покрај оние кои страдаат како резултат на уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и повторно да се воспостави мир во Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.

Фон дер Лајен се состана и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина.

Ватикан соопшти дека во фокусот на разговорите со Фон дер Лајен била „заедничката посветеност на активностите за ставање крај на војната во Украина, со посебно внимание посветено на хуманитарните аспекти и на последиците од продолжувањето на конфликтот во врска со храната“.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...