Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска, по повод можната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски на маргините на самитот на Г20, изјави дека ова прашање вклучува премногу непознати.
„Де факто можеме да коментираме само за актуелните настани“, рече Песков, пренесе агенцијата ТАСС.
Советникот на Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека украинскиот претседател би можел да присуствува на самитот на Групата 20 најразвиени економии во Индонезија, доколку таму е присутен рускиот претседател Путин.