Кремљ: Варшава може да биде извор на закана за Русија


Кралицата Елизабета планира следниот месец да присуствува на големите прослави по повод нејзиниот платинест јубилеј, 70 години на британскиот трон, соопшти денеска Бакингемската палата.

Се наведува и дека двајца членови на кралското семејство, принцовите Ендру и Хари, ќе бидат исклучени од еден од традиционалните настани по тој повод, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета во февруари прослави седум децении на тронот, а на почетокот на јуни оваа прослава кулминира со четиридневниот викенд „Платина јубилеј“ во Велика Британија.

Елизабета (96) има проблеми со движењето, а повеќето нејзини јавни ангажмани мораше да бидат откажани, но Бакингемската палата објави дека кралицата планира да биде на многубројни настани, наведува британската агенција.

„Нејзиното височество со нетрпение го очекува викендот и ќе учествува на прославата, но нејзиното присуство нема да биде потврдено додека не се приближи времето, па дури и самиот тој ден“, изјави портпаролот на палатата.

Четирите дена на прославување почнуваат на 2 јуни со годишна воена парада во центарот на Лондон по што ќе следува служба за Денот на благодарноста во катедралата „Свети Павле“, концерт пред Бакингемската палата и свечена поворка во британската престолнина во наредните денови.

Една од карактеристиките на овие настани е собирањето на кралското семејство, кое гледа и мавта од балконот на палатата, наведува „Ројтерс“.

Но, кралицата одлучила нејзиниот син, принцот Ендру, и внукот, принцот Хари, кој дал оставка од јавната функција, да не бидат на балконот.

„По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека годинешниот традиционален настап на балконот ќе биде ограничен на нејзиното височество и на оние членови на кралското семејство, кои моментно преземаат службени јавни должности во име на кралицата“, изјави портпаролот на палатата.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган најавија дека ќе присуствуваат на прославите по повод 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета во јуни, соопшти денеска неговиот портпарол.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се возбудени и почестени што присуствуваат на платинестиот јубилеј на кралицата со нивните деца овој јуни“, се вели во соопштението на портпаролот, пренесе „Ројтерс“.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...