Кучуќ: До решенија ќе се дојде со образовна, културна и инфраструктура поврзаност

Европа ќе ги финансира сите добри идеи насочени кон заштитата на човековите права и слободи и гарантирање на перспективата земјите да бидат културно, цивилизациски и образовно поврзани во рамките на Европската Унија, изјави европратеникот Илхан Ќучук на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

– Дадовме една добра оценка за постигнатото во изминатите неколку недели. Поставиме почеток на една заеднички дискусија и продолжуваме со нашата програма, при што ќе посетиме училиште во Чаир. Она што е важно е да се спомнуваат добрите примери во рамките на образовниот процес. Целта ни е да ги поврземе училиштата и да создадеме нови можности за младите, додаде Ќучук.

Запрашан дали е можна европска перспектива и решение, ако од бугарска страна се негира македонското малцинство, а се баре вклучување на Бугарите во Уставот, Ќучук истакна дека такво барање има не само од Бугарите, туку и од Хрватите и Црногорците

– И тие бараат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на еден разумен начин и во рамките на процедурите. Процесот е долг, но гледам дека има желба за разговор за оваа тема, истакна Ќучук.Не давајќи дециден одговор околу правата на Македонците во Бугарија, тој нагласи дека до решенија ќе се дојде заедно со образовната, културната и инфраструктурата поврзаност.

Запрашан дали е во комуникација со бугарскиот премиер Кирил Петков, Ќучук изјави дека немал средба со него, нагласувајќи дека како известувач на Европскиот парламент за земјава негова задача е да работи активно со граѓаните на Северна Македонија и со претставниците на политичките структури.

– Да го слушнам секој еден глас, кој ќе ми каже во која насока се движи македонската демократија, колку високи се стандардите, каде има отстапки, додаде Ќучук.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...