PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Курти: Логично е мерките на ЕУ да бидат укинати пред новите избори на северот на Косово

Jul 26, 2023

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е логично мерките што ги воведе Европската унија во Косово да бидат укинати пред да дојде време за одржување нови избори во општините на север на Косово.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Се подготвуваме за вонредните избори на север и за овие мерки кои се преземени против нас и кои се нарекуваат привремени и реверзибилни, секако очекуваме што поскоро да бидат отстранети и логично е тоа да се случи претходно. Не се работи за услови, туку за логичен редослед на работите, чиј прв чекор треба да биде имплементација на договорот меѓу Бисљими и Лајчак, кој беше спроведен во Братислава и создава минимум нормалност за вонредните избори“, рече Курти на прес-конференцијата по седницата на ВладатаТој рече дека генерално не е задоволен од работата на Обвинителството, кога беше прашан за ослободувањето на Србите осомничени за напади врз новинари и власти на север.

Курти рече и дека не бил информиран за истрагите на антикорупциската група против пет министри од неговата влада.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ